Претпладнево продолжува гаснењето на пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала.
Во моментот се уште гори внатрешниот дел на депонијата, откако вчера делчевските пожарникари направија појас на надворешниот дел, со што е спречено понатамошно ширење на огнот.
– Најголем проблем е внатрешноста на депонијата која гори на повеќе места, бидејќи иако ние ја изгасивме синоќа, поради лесно запалливите материи од градежниот шут, таа повторно се разгорува, велат од ТППЕ Делчево.
На терен и понатаму е пожарникарска екипа, а очекувањата се дека до пладне пожарот ќе биде изгаснат. Во гаснењето е вклучена и механизација од Јавното претпријатие ,,Брегалница”.