![malezija-avion-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/malezija-avion-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Меѓународните експерти со полициски кучиња открија уште човечки отстатоци и лични работи на местото на падот на малезискиот авион во регионот контролиран од сепаратистите во источна Украина.
Седумдесет холандски и австралиски експерти беа на местото на несреќата втор ден и покрај судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили кои се одвиваат во близина. Сите 298 луѓе кои беа во авионот загинаа при падот на 17 јули, а повеќе од 220 ковчези беа испратени во Холандија.
Во меѓувреме, Киев тврди дека провладините сили заземале два клучни града на границата со регионите Луганск и Донецк со што всушност го пресекле врските меѓу проруските сепаратиси во двата региона.