Надлежниот обвинител од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција прибрал дел од доказите во рамки на истрагата за расветлување на случувањата во кумановско Диво насеље на 9. мај годинава.
Идентификувани сите осомничени од Диво насеље
Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се појаснува во соопштението.
Од обвинителството додаваат дека продолжуваат континуирано со преземање дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите. Воедно во тек е сослушување на сведоци и осомничени во случајот со Диво насеље.
Терористички напад беше извршен на 9.мај во кумановската населба Диво насеље.