Продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност

Продолжување на мерката-ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година во насока на поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка, чиј текст го утврди денеска на седница Владата на предлог на Министерството за финансии.

„Предложените измени се со цел да се обезбеди поддршка на занаетчиите-паушалисти во справувањето со последиците од коронавирусот, и се дава можност самостојните вршители на дејност во 2021 година да плаќаат за 50 отсто помали аконтации во однос на претходната година како олеснителна мерка за справување на последиците од кризата заради Covid-19“, информираат од Владата.