![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/Capture-34.jpg?resize=691%2C381&ssl=1)
Утринава повторно се опожарени два контејнера. овој пат хулиганите палеле на на ул.„Никола Карев“, во близина на Железничката станица.
Во текот на првите десет месеци од 2019-та година од страна на непознати сторители се опожарени над сто садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во градот Скопје.
„Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје му е нанесена финансиска штета во висина од 1, 5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот. Да престане вандализмот и уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје“, порачуваат од јавното претпријатие.