И во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринските температури се во интервалот меѓу минус 5 и 4 степени, додека највисоките во текот на денот ќе бидат од 14 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје наутро има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од јужен правец со емпература до 17 степени.