Продолжува потрагата по исчезнатиот македонски државјанин, неговата мајка пристигна во Грција, информира МНР

Министерството за надворешни работи информира дека и во текот на денешниот ден продолжија активностите на грчките служби за потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција. Во потрагата се вклучени грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери.

„Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од Генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.

Последните информации од службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа“, соопштија од МНР.