![ujp tabla](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/ujp-tabla.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Од синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи која вчера почна со протест за повисоки плати за 30 проценти, најавија дека денеска ќе испратат известување за штрајк до работодавачот и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика.
Велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајкот што беше донесена вчера, ако не бидат исполнети нивните барања и штрајкот би се одржал за околу 15 дена.
Членовите на овој синдикат при УЈП од вчера започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски.
-Оваа состојба би траела се до стапувањето во генерален штрајк, велат од таму.
Нивните барања кои ги искажаа на предупредувачкиот протест што се одржа во вторникот пред Министерството за финансии, се: потпишување на Колективниот договор, во кој се утврдени неопходните права потребни за функционирање на Управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети, за 30 отсто.