Продолжува протестот за плати и подобри услови за работа во Македонска пошта

Вработените во „Пошти“ повторно протестираа пред дирекцијата на ова државно претпријатие. Не се откажуваат од барањата за редовни плати, покачувања и подобри услови за работа.

Покрај вработените во поштата во Скопје, протестот продолжи и во Тетово.

„Финансиската состојба на Македонска пошта е сериозно загрозена. Не обезбедуваме доволно средства за плата. Неколку години обезбедуваме средства преку кредити и позајмици. Дојде момент да веќе нема од каде да обезбедиме средства. Затоа бараме Владата како сопственик да се заложи за реформи и обезбедување финансиски средства за тековно работење“, рече претседателот на синдикатот Боро Велигденов на прес конференција.

Околу 2.000 лица се вработени во Пошти на Северна Македонија, а околу 600 од нив се распоредени на терен.