Продолжува растот на десницата во Германија

Десничарската евроскептична и противодселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) и натаму ја зголемува својатa популарност и во моментов ужива поддршка од 22 отсто од гласачите, произлегува од најновото истражување на јавното мнение кое во саботата го објави дневниот весник Bild.

Во седмичната анкета AfD, која за весникот Bild ја спровел институтот Insa, има само 4-процентни поени заостанување зад моментално најпопуларната партија, исто така, опозициската Унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и Христијанско-социјалната унија (CSU).

Со моменталните 22 отсто од испитаниците кои во моментов би гласале за AfD, ова е најдобриот досега резултат за партијата и претставува пораст од 2 отсто во споредба со минатата седмица и двојно повеќе отколку што освои на изборите за Бундестагот есента 2021 година.

„Ова е најдобриот резултат за AfD. Демохристијанската Унија и натаму е на првото место со 26 отсто, но разликата е сѐ помала и помала“, изјави директорот на институтот Insa, Герман Бинкерт.

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) има поддршка од 18 отсто, нејзиниот коалициски партнер во владата партијата на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) има поддршка од 14 отсто. Третиот и најмал партнер во владата на канцеларот Олаф Шолц, Партијата на слободните демократи (либерал-демократите) (FDP) има 7 отсто поддршка.

Крајно левичарската партија Левица (Die Linke) сега има 5 процентна доверба меѓу германските гласачи, со што е на работ од изборниот праг, но бележи минимален раст.

Причините за растот на популарноста на AfD, кој е на удар дури и од безбедносно-разузнавачки служби на Германија поради што во некои сојузни покраини во страв од победа е ставена на листата организации кои „работат против уставниот поредок“, аналитичарите ги гледаат од незадоволството на избирачите од катастрофалната работа на актуелната влада.

Од работата на социјалдемократско-зелено-либералната влада, според истата анкета, незадоволни се 70 отсто од испитаниците. Граѓаните се главно незадоволни од мерките кои ги спроведува влада во подобрувањето на животниот стандард, неможноста да го запре приливот на бегалци кој годинава повторно драстично е зголемен.

AfD е традиционално маргинализирана на германската политичка сцена, и слично како и на сродната партија Национален собир на Марин Лепен во Франција, предизвикува формирање сојузи на партиите од целиот политички спектар против неа.

Политичките аналитичари сметаат дека ѝ одат во полза стравувањата на граѓаните во врска со рецесијата, големата миграција и зелената транзиција, а на сојузните избори во 2025 година има намера и да истакне свој ткн „шпицен-кандидат“, односно кандидат за канцелар. Партијата особено го зајакна својот рејтинг на просторот на поранешната комунистичка Источна Германија, а анкетите упатуваат на тоа дека може да оствари победа во три источни сојузни покраини следната година. Меѓутоа, во последниот период популарноста на AfD расте и на западот на Германија.

И додека партиите од крајната десница зајакнаа ширум Европа последните две години, јакнењето на AfD е особено деликатно прашање поради обвинувањата од ривалските партии поради нејзина наводна асоцијација со германаското нацистичко минато. Партијата последната година силно се противи на западните санкции против Русија поради војната во Украина и со научни трибини го оспорува човечкото влијание за климатските промени, што силно му пречи на неолибертаријанскиот естаблишмент.

Во обидите да се заузди подемот на AfD се вклучи и германската разузнавачка агенција која претходно во јуни објави дека наводно крајно десниот екстремизам претставува најголама закана за демократијата во Германија и многу невообичаено отворено им испрати порака на предупредување на гласачите во однос на поддршката на Алтернатива за Германија.