Продолжува руското гранатирање на пограничните населби на Харковска oбласт

Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов на Телеграм објави дека во текот на ноќта биле гранатирани пограничните населби.

Според него во гранатирањето повредени се две лица.

Сињехубов истакна дека во текот на ноќта немало ракетни напади врз регионот.

Харковската oбласт се граничи со Доњецк и Луганск.