Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел Палевски во Турција.
Пред рочиштето обвинетиот Кешишев, пак, го сменил исказот – тврди дека Палевски не е виновен за убиствата. Претходно, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.
Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека нема да влијае изјавата на Влатко Кешишов која минатата недела ја промени на посмено во истражниот затвор Шутка.
Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази.
Судењето влегува во завршна фаза на испрашување на сведоци и веќе од следните рочишта ќе се изведуваат материјални докази.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски било со намера да го присилат да им го даде своето возило кое го користеле за грабнувањето на младата Вања.