![ivz zgrada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/ivz-zgrada.jpg?resize=696%2C321&ssl=1)
Последните случувања во Исламската верска заедница наидуваат на многу реакции, не остануваат без коментар и одлуките на челникот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, кои се во спротивност на Уставот заедницата, за кои одлуки може и кривично да биде соочен.
Во насока на случувањата во ИВЗ реагираше и членот на Ријасетот Мухамер Весели, кои ексклузивно за порталот TETOVA SOT вели: “тоа што е необично е многу јасно дека одлуките донесени од шаќир фетахи се нелегитимни, и немаат и немаат уставна и законска основа и од истите не произлегува никакво правно дејство”.
Според него, разрешените членови на Ријасетот имаат поднесено приговор до Ријасетот и очекуваат да се свикува седница на Ријасетот, на која седница и ќе бидат повикани да присустуваат и тие, и да се одржи седница на Ријасетот, било како редовна или вонредна седница во полн состав, каде покрај ова прашање ќе треба да се дискутира и за многу други отворени прашања, со оглед на тоа дека Ријасетот е уставен орган кој одлучува за исламските прашања во земјава, го именува и разрешува Реисул Улема, меѓу останатото е орган кој одлучува за правно административните работи на ИВЗ како и за економоско финанасиското работење на заедницата.
„Очекуваме да се свикува седница на Ријасетот во полн состав, сите членови да бидат повикани, да се дискутира по сите отворени прашања и да се донесат одлуки по истите. На седница на Ријасетот треба да бидат повикани сите членови, неповикувањето на сите членови тоа само по себе зборува дека седницата е незаконита и нелегитимна од која не произлегуваат никакви правни дејствија“, вели соговорникот на TETOVA SOT.
Мухамер Весели потенцира дека Шаќир Фетаху треба да биде повнимателен, бидејќи ваквото негово дејствување поткрепува самото посебе и кривична одговорност кривичниот законик на земјата.
Весели додава дека ништо не е завршено, и јавно го прашува Шаќир Фетаху, во овие услови и околности а особено кога он ги има веќе исполнето законските услови за пензија зашто и кој го тера да презема вакви чекори наводно за некаква систематизација, зашто тоа не го направил до сега.
Меѓу другото, TETOVA SOT неодамна објави новинарско поставени прашања кои и по неколку обиди не добија никаков одговор од Реисот Шаќир Фетахи немаат одговор, и тоа за причините на силното полициско обезбедување која обезбедување не му следува по закон на Шаќир Фетаху, самоволно однесува со управување на ИВЗ од каде губи својот легитимитет и кредибилитет со оглед на тоа дека Ријасетот треба да одржува седници најмалку еднаш месечно, а Фетахи за цела 2021 год има одржано само три седници на Ријасетот, а за изминатата 2022 само две седници, понатаму е поставено прашањето да ли неговата работа е согласност со правилникот за финансиско работење, Шаќир Фетахи се немаше одговорено и на прашањето дали со исполнувањето на законските услови за пензионирање ќе си замине во пензија, бидејќи за понатамошно продолжување на чело на ИВЗ потребно му е поддршка на мнозинството членови на Ријасетот. Фетахи се немаше одговорено и на две други суштински прашања, до каде е со ветувањето дека по неговиот избор ќе донесе 7 милиони евра од Арапски Емирати донација за нормално функционирање на ИВЗ, како и тоа каде се близу 4 милиони евра што владата на поранешниот премиер Зоран Заев ѝ ги има дадено на ИВЗ на основ на денационализација, на крај чудесен е фактот што Шаќир Фетаху не одговори и на прашањето за тоа кои се причините на честите патувања на генералниот секретар Ирсал Јакупи во соседна Бугарија со службено
возило и во придружба на невработено лице во ИВЗ.