![sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/sonce-1.jpg?resize=630%2C473&ssl=1)
Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=10
Утринските темератури се движат од 16 до 23, додека во текот на денот соодветно ќе се достигнат меѓу 30 и 41 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината, исто така, ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб ветер од променлив правец. Температурата во текот на денот ќе достигне до 38 степени.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.