Во текот на изминатата вечер (12/13.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.
При тоа беа спроведени сообраќајни контроли во Чаир и Центар при што беа преземени 40 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, легитимирани биле 38 лица.
Прегледи биле извршени кај 41 лице, 27 моторни возила и два мотоцикли.
Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.