Протестите на граѓаните на Босна и Херцеговина продолжуваат и денеска, 13-ти ден по ред и во Сараево демонстрантите се пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина кои ја блокирала главната градска улица.
На демонстрантите им се приклучиле и работници од голем број фирми во стечај, а преку транспаренти порачале дека им е доста од се’ и дека актуелната власт треба да отстапи од својата функција.
Претставниците на „Пленумот на граѓани на Сараево“ ги предале четирите бањаа до Собранието на Кантоната Сараево, а бидејќи Владата на Кантоната Сараево поднела оставка главното барање кое е предадено во име на демонстрантите е итно формирање на непартиска експертска Влада.