Засега никаква мерка не е предложена од страна на Јавното обвинителство за адвокатот на Љупчо Палевски, Васко Стојков.
Тој вчера повторно беше на распит на полициска станица.
„За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат“, информираат од Обвинителството.
Оттаму истакнуваат дека донесена е Наредба за спроведување истражна постапка за лицето кое го возеше Палевски до Турција,
Тоа лице се сомничи дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.