Во Франција продолжуваат штрајковите во објектите на енергетските компании „TotalEnergies“ и „ExxonMobil“, пренесува во саботата агенцијата AFP повикувајќи се на синдикатите Генерална конфедерација на трудот (CGT).
Како што се наведува, според CGT три од шесте рафинерии во Франција сѐ уште не работата. Станува збор за најголемата рафинерија на „TotalEnergies“ во Нордмандија, како и две рафинерии на „ExxonMobil“.
„Кај нас штрајкуваат 70 отсто од вработените“, го цитира агенцијата портпаролот на синдикатот CGT во компанијата „ExxonMobil“.
Според портпаролот на синдикатот Педро Алфонсо, во рафинеријата на „TotalEnergies“ во општината Фесен во одделот за испораки во смената од 6 часот утрото имало „100 проценти штрајкувачи“.
Во вторникот најавениот тридневен штрајк на вработените во компанијата „TotalEnergies“ продолжува со барањето за зголемување на платите за 10 отсто, како и индексирањето на платите за 2022 година поради рекордни високата инфлација. Подоцна синдикатите најавија продолжување на штрајкот на неопределено време.
Со штрајкот особено е погодена најголемата француска рафинерии близу градот Ле Авр во Нормандија, на северот на земјата, како и постројките за преработка на нафтата во Фезен и Донж, биорафинеријата „La Mede“ во Шатонеф-ле-Мартиг, како и складиштето во Гранпуи.
Компанијата соопшти дека штрајкот нема да го загрози снабдувањето на бензинските црпки на кус рок, но предупредува дека погоните во Нормандија самата сочинува 22 отсто од рафинериските капацитети во Франција.
Друга причина за недостиг од бензини на станиците на „TotalEnergies“ е намалувањето од 20 центи за литар, кој е важен од 1-ви септември до 1-ви ноември, кое компанијата го воведе за да го избегне зголемувањето на данокот на вишокот од добивката.
Претходно, потпретседателот на регионот О-де-Франск, Франк Дерсин, истакна дека околу 40.000 деца се во ризик да не можат да одат на училиште следната седмица поради недостигот на бензини на пумпите.