Продолжуваат скандалите во судството – нова претставка до Републичкиот судски совет, се бара отштета од 4 милиони евра од човек фирма

Судската фела продолжува да се соочува со скандали на јавна сцена. Според информации на Прес 24, Републичкиот судски совет добил барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност и изрекување на санкции за судијка од Апелациониот суд во Скопје. Во барањето се наведува дека во текот на постапката направени се повеќе повреди на Законот за судови и Законот за парнична постапка. Според информации на медиумот подносител на барањето е Македонски Телеком, каде удел има и државата, кој добил пресуда која била донесена преку ноќ. Пресудата предвидува Телеком да исплати 4 милиони евра оштета на фирма со еден вработен, без инвестиции и логистика.

Се работи за извесна фирма од Штип која имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година, што бил раскинат од Телеком заради неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа започнал долг судски спор пред Граѓанскиот суд во Скопје, кој минатата година пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана непосредно по донесување на пресудата. Повеќе на https://www.press24.mk/sudskiot-sovet-kje-treba-da-odluchuva-za-sporna-presuda-na-apelacija