Населението на Јужноафриканската Република стравуваат од можноста да бидат прекинати снабдувањата со безнин и храна, откако веќе шести ден траат судири поради затворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума во кои веќе 72 лица ги загубија животот, во услови на голема невработеност и воведување на новите рестриктивни мерки поради Covid-19.
Ширум земјата се создаваат редови на бензиските црпки и пред продавниците за прехранбени продукти, особено во Дурбан и Квазулу-Натал, на истокот на земјата.
Во вторникот беше затворена најголемата рафинерија во земјата и регионот, којашто обезбедува околу третина од горивата кои се трошат во земјата. Некои од бензиските станици веќе го потрошиле резервите и се затворени.
Земјоделците се жалат дека повеќе не можат да ги превезуваат своите производи, бидејќи главните патишта и железничката линија кои ги поврзуваат економскиот центар Јоханесбург со истокот на земјата се блокирани и небезбедни.
„Ни претстои голема хуманитарна криза“, предупреди директорот на главната земјоделска организација AgriSA, Кристо ван дер Риде.
Неколку регионот во земјата би можеле наскоро да останат без резерви од основните продукти, храна, горива и лекови поради тешкотиите со снабдувањето, наведе во соопштението кабинетот на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.
Војската е респоредена во провинциите за да ѝ помогне на полицијата која е преоптоварена откако безредијата започнаа минитата седмица. Претседателот Рамафоса насилството го оцени како едно од најлошите во Јужноафриканската Република од 1990-те, пред крајот на апартхејдот. Подметнувани се пожари, блокирани се патните правци, а компании и складиштата во поголемите и помали градови во провинциите Квазулу-Натал и Гуатен се ограбени.
Насилните судири избувнаа минатата седмица при протестите на приврзаниците на поранешниот претседател Џејкоб Зума, кој е осуден на затворска казна бидејќи не ја почитувал наредбата на уставниот суд на земјата да поднесе докази во истрагата за корупција на високо ниво во текот на деветте години од неговиот мандат кој заврши во 2018 година.