Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 67. седница ќе расправа за предлог законите за измени и дополнувањата на законите за технолошки индустриски развојни зони, за индустриски – зелени зони, за пензиското и инвалидското осигурување и за социјална заштита, по скратена постапка.
На дневниот ред на седницата е и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, исто така по скратена постапка, Меѓу точките на седницата се и измените и дополнувањата на законите за трговските друштва, за метрологијата, на Законот за возила, на Законот за енергетика, за минерални суровини, за стечај, за катастар на недвижности, за процена, за медијација и за вештачење, сите во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, за постапување по претставки и предлози, за електронско управување, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, исто така сите во прво читање.