Експерти на УНДП на терен
Експерти на УНДП од областа на уредувањето на поројните водотеци и управувањето со водите веќе се на терен во најзасегнатите региони. Ќе се спроведуваат стручни анализи на причините, по што ќе бидат предложени соодветни стратешки насоки и препораки за интервенции во регионот за минимизирање на ризикот од вакви појави во иднина, пишува Сител.
Дистрибуирана помош за најтешко настраданите семејства
Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна 100 пакети, средства за хигиена 200 пакети, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1260 литри флаширана вода за пиење. Во текот на денот дополнително ќе бидат дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.
Што им е најпотребно на настраданите во Тетово
Според првичната проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна и ќебиња.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвен крст во Момин Поток од 8 до 16 часот (контакт телефон 3 096 227) до 15 август.
Каде можете да донирате
Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
-Сметка на Фонд на солидарност300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка
-Донирање на 100 денари со повик на телефоните 075/070/078 143 400
Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.
За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош, јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана, велат од Црвениот крст на РМ.
Во поплавите во тетовско животот го загубија пет лица, а шестгодишно девојче од Шипковица веќе шести ден се води како исчезнато.