
Како што информираат од Железничката станица во Скопје, и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.
Според организаторите на протестот, Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС – Железничар, прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.
Од „Македонски железници – Транспорт“ вчера соопштија дека до крајот на месецов ќе изнајдат начин да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, што, пак, за синдикатите организатори на протестот е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата.
МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.