Украинската војска продолжува со гранатирање на Славјнаск.
Неколку гранати експлодирале во центарот на градот, а бомбардирањето било „помалку интензивно“ отколку претходните ден и ноќ.
– Градот најмногу е бомбардиран во периодот од девет до 13 часот, кога луѓето или се обидувале да заминат со автобуси или биле евакуирани со помош на волонтери, изјави портпаролката на прорускиот градоначалник, Стела Хорошева, нагласувајќи дека украинската војска им овозможила на жените и децата да ја напуштат зоната на воени дејствија.
Таа во врска со медиумските тврдења дека украински војници донеле контејнери со хемиско оружје на аеродромот во градот Краматорск, на 10 километри од Славјанск, кој е под контрола на украинската Национална гарда, истакна дека „одамна знаат за тоа хемиско оружје“.
– Одамна имаме слушнато за хемиското оружје. Нас не не изненадуваат какви било акции од Киев, потенцира Хорошева.