На дебатата во рамки на 105-тата седница, која трае веќе пет дена, пратениците ќе расправаат за одговорноста на Иванов за одлуката за аболиција и за подоцнежното повлекување.
Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е несонована, а тие од СДСМ и ДУИ сметаат дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан.