Продолжува расправата за Предлог –буџетот

Продолжува расправата за Предлог –буџетот. Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го одржи првото продолжение на расправата по Предлог – буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање.

На дневен ред на седницата е и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка во второ читање.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за производство и промет на вооружување и воена опрема, за детективската дејност, за оружјето и за приватно обезбедување, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат предлог-законите за изменување и дополнување на законитеза катастар на недвижности, за процена,за медијација, за Академијата за судии и јавни обвинители, за вештачење, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за постапување по претставки и предлози и за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, сите во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Академијата за наставници, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Државниот универзитет во Тетово ( I фаза ).