
Постојат луѓе од редот на вработените во Министерството за одбрана кои паметат долго и врз основа на искуството се визионерски настроени, па затоа можат да предвидат развој на голем број на настани.
Како што пишувавме пред неколку месеци, врз основа на нивни искази испратени до нашата редакција (https://netpress.com.mk/ministerstvoto-za-odbrana-stana-turisticka-agencija-sekerinska/), еден од најчестите корисници на услугите на туристичката агенција Шеќеринска, полковникот Марио Јуришиќ, се очекуваше да биде награден со местото воено аташе во Франција.
Полковникот за неговата посветеност во работата која подразбира кроење на кадровата политика на Министерството по мерка на Шеќеринска и уште неколку заслужни шарени револуционери, го доби посакуваното место, Воено аташе на Република Македонија во Франција.
И додека покрај сите привилегии што дотичниот господин во Министерството ги ужива и добива се’ поголем број на бенефиции, полковниците со далеку поголем стаж и искуство од него се обесхрабрени воопшто и да конкурираат на огласите од ваков вид.
Марио Јуришиќ е неприкосновен човек од доверба на министерката. Допрва ќе излезат на виделина сите „заслуги” на полковникот, а се разбира и личниот кредибилитет.
Се поставува прашањето, која е формулата за тоа да се биде толку привилегиран во време кога постојано се вработуваат нови ликови и се вршат унапредувања на разноразни фрлачи на бои во кондоми?