
Денеска продолжува судското рочиште за насилствата во македонското собрание од 27 април минатата година. На претходната сесија беа истражувани СМС пораки од мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, вработен во собраниското обезбедување.
Обвинителството за организиран криминал и корупција преку содржината на пораките и видео снимките од безбедносните камери, докажува дека упадот бил планиран и координиран. Најавија дека до Нова Година може да се очекува проширување на обвинението и со нарачателите на насилството.
За квавиот упад во Собранието 33 лица се обвинети за загрозување на уставниот поредок, а судијката Добрила Кацарска ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски.