Пред Собранието на Република Македонија и во четвртокот вечерта се одржува протест на здруженија на граѓани поради договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред зградата на парламентот, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.
Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата.т.
Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
За време на синоќешниот протест беа приведеи десет лица поради нарушување на јавниот ред и мир.