Продолжуваат уличните разбојништва со закана со оружје

Во изминатото деноноќие полицијата примила повеќе пријави за извршени разбојништва под закана со оружје и со употреба на физичка сила, при што оштетените останале без пари и мобилни телефони,

Рано утрото во средата, околу 4,30 часот вработен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ пријавил дека за укажување лeкарска помош бил донесен 25-годишниот Б.Б.(25), кој на улицата „Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, при што одземени му се пари и мобилен телефон.

Истиот денм идентичен напад кој се случил околу 18 часот пријавил и 20-годишниот А.М. Според неговата пријава, додека се движел пешки од булевар „Партизански одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво, кога непознати за него лица со закана со нож, му побарале пари а откако им одговорил дека нема во него, му го одзеле часовникот кој се проценува на 15.000 денари.

 

Речиси два часа подоцна 44-годишнот скопјанец З.С. пријавил дека во вторникот ноќта околу 20,30 часот на улицата „Лука Геров“ од страна на неколку непознати лица било извршено разбојништво над неговата 17-годишна ќерка. Додека малолетната девојка се движела кон автобуската постојка била престретната од лицата при што едно од нив извадило нож и со закана ѝ го одзел мобилниот телефон.

Сектор за внатрешни работи Куманово, пак, соопшти дека расчистило еден случај на разбојништво пријавен на почетокот од ноември и поднело кривична пријава против 39-годишниот О.М. од Куманово. Тој е пријавен дека на 1-ви овој месец околу пладне во викендичка во кумановското село Шупли Камен, со закана со пиштол кон С.Т. и неговата сопруга В.П., одзел два паричника, два мобилни телефона и автомобил „опел астра“, со брачната двојка е оштетена за вкупно 541 .000 денари