Продолжуваат високите температури

Времето во Македонија во чествртокот ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура се движи од 12 до 21 Целиусов степен, а максималната дневна температура ќе се движи од 27степени во западните регион и до 36 степени на југот од земјата.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура е до 19 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.