Продожува спроведувањето на ИБ програмата за одделенска настава во општина Аеродром

Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Аеродром од минатата година се воведе меѓународната ИБ програма за одделенска настава, која е трансдисциплинарна програма за меѓународно образование дизајнирана за поттикнување на целокупниот развој на ученикот.

ИБ програмата се заснова на одредени стандарди коишто континуирано се надградуваат и практики коишто се применуваат при планирањето, реализирањето и оценувањето на работата и на ученикот и на наставникот.

Програмата ги поддржува напорите на учениците да се здобијат со разбирање за светот и да научат како да функционираат во него, да се движат од точката на незнаење до знаење, да идентификуваат што е реално, да препознаат што е соодветно, а што не е.

Преку оваа програма кај учениците се поттикнува клима на отвореност, соработка и меѓусебна поддршка, што ќе овозможи зголемена свест и одговорност, разбирање и почитување.

Со оглед на позитивните резултати од оваа програма, во училиштето ќе ја продолжи и во предметна настава, односно од 6 до 9 одделение во претстојнава учебна година, со што би се продолжил континуитетот на веќе поставениот начин на работа сведен на истражувачка дејност.