Владата вчера на седница усвои информација за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“ на предлог на Министерството за образование и наука.
-Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерството за образование и наука да подготви и преку Министерството за надворешни работи да достави одговор до Владата на СР Германија и КфВ во насока на прифаќање заем во износ до 20 милиони евра со барање поддршка за грант во износ од 5 милиони евра од REEP+ програмата, соопшти владината прес-служба.