Проектите на Заев потопени: Поплавени подземната гаража под струмичкиот плоштад и „Глобал“ (ФОТО и ВИДЕО)

Еден дожд предизвика големи проблеми во Струмица, град со кој повеќе од 11 години раководеше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Поплавите кои попладнево ја зафатија Струмица не го поштедија ниту трговскиот центар „Глобал“, чија внатрешност беше поплавена по обилните врнежи, покажува оваа видео снимка.

Поплавени куќи, улици и поројот „Крушевска Република“ се само дел од сликите кои денес може да се забележат низ Струмица поради поројните врнежи од дожд.

Потопен е и трговскиот центар „Глобал“, познат во јавноста по криминалот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев тежок 8 милиони евра, за што беше аболициран од тогашниот претседател бранко Црвенковски и е единствениот аболициран политичар во Македонија.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра. Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.

Подземната гаражата под плоштадот во Струмица, еден од проектите со кој Заев посебно се гордее е поплавена.

Претходно веќе и објавивме за состојбата на улицата на која живее Зоран Заев.

Инаку во Струмица веќе со години нема никакви инвестиции во патната инфраструктура.