Во кои професии жените се поуспешни од мажите? Ова прашање мошне често се поставува, па затоа издвојуваме шест професии во кои припадничките на понежниот пол речиси секогаш се поуспешни од нивните колеги од спротивниот пол.
Припадниците на „посилниот пол“ колку и да се трудат да го преземат водството, кога ќе се собере на куп што се работат успешните жени во текот на еден работен ден и кои се нивните задолженија, сфаќаме дека придонесот на жените во светот е значително поголем од претпоставените 50 отсто. Покрај тоа, постојат професии и задолженија во кои жените се поуспешни од мажите.
Огласувањето и маркетингот се мошне важни затоа што се занимаваат со создавање на свеста и потребите. Нјаважно е да се идентификуваат потребите на купувачите и колку одредениот производ може да им притреба. Во оваа професија дефинитивно жените се поуспешни од мажите и со леснотија може да „им влезат во глава“ на потрошувачите и да создадат желба. Во времето во кое „сексот продава се“ жената многу подобро знае да ја креира понудата за производот на пазарот и да го рекламира.
-
Менаџер и супервајзер
Можеби ова на мажите ќе им звучи смешно, но жените доминираат и во оваа област. За разлика од мажите што само ќе размислуваат за проектот, жената многу повеќе енергија ќе вложи во своите вработени. Кога се во прашање подредените, жената е во состојба да ги охрабри и да ги мотивира да станат прво подобри луѓе, а на крајот работници.
-
Инструктор за јога
Јогата потекнува од Индија и подразбира контрола на дишењето, медитација, различни телсесни положби и штање. При одредени положби во јогата женското тело е во предност. Жените се многу подобри од мажите затоа што се пофлексибилни и не им е срам да испуштаат одредени звуци што може да им бидат потребни. Мажите се подобри за натпреварувачки спортови за кои е потребна сила.
-
Гинеколог и акушер
Тие се занимаваат со репродуктивното здравје и половите органи на жените но и со одржување на бременоста и породувањето. Затоа е природно жените да бидат подобри затоа што оваа професија ја прифаќаат многу поинтимно. Докторките немаат само училишно знаење во оваа област туку и самите искусиле поголем дел од проблемите.
-
Медицински и патронажни сестри
Иако мажите се доста добри во овие професии, жените се на прво место. Оваа професија бара високо ниво на образование и доста емпатија. Поради децата жените се природни старатели и негуватели и во целост се предаваат на негувањето деца и повозрасни лица.
-
Воспитувачки
На жените им е во крвта да бидат подобро и да знаат како да се играат со децата додека ги образуваат. Тие имаат трпение да ги облекуваат мислите на детето и да ги развиваат неговите вештини, а воедно и да ги променат пелените сто пати дневно. Дури 98 отсто од вработените во оваа професија се жени.