26.8 C
Skopje
вторник, мај 21, 2024

„Професионалците“ во Владата ја избламираа Македонија во светот

Владиниот протокол направи катастрофална грешка, најверојатно поради елементарни непознавања, во петокот претпладнето кога во Скопје пристигна канцеларот на Австрија, Себастијан Курц каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев.

Имено, наместо знамето на Австрија беше поставено знамето на Летонија. Ваквиот лапсус предизвика бран потсмешливи реакции не само на социјалните мрежи, туку и во медиумите, како во регионот, така и во Европа. Следува дел од насловите од балканските интернет изданија по повод споменатата бламажа.