Средношколски професор по психологија во американската сојузна држава Флорида добил отказ откако им дал задача на учениците да си ги напишат своите посмртници пред вежба во случај на вооружен напад во училиштето, известуваат американските медиуми.
Училишниот одбор од округот Оринџ објави во соопштение дека семејствата да учениците се известени дека професорот им дал „несоодветна задача за насилство во училиштето“ и дека неговиот договор за работа е раскинат истиот ден.
Шеесет итри годишниот професор Џефри Кин, кој во училиштето работел од јануари годинава, смета дека не сторил ништо лошо и ќе се жали на одлуката, по задачата којашто им ја дал на учениците од 16 и 17-годишна возраст.
На тоа се решил бидејќи сметал дека пишувањето на некролозите ќе им помогне да размислуваат за својот живот, доколку во училиштето се случи пукање, рекол за порталот на локалниот телевизиски канал на мрежата Fox News.
„Тоа не беше за да ги преплашам или за да мислат дека ќе умрат, туку само да им помогнам да сфатат што е важното во нивните животи“, рекол Кин која копија од задачата објави на Facebook.
Во него учениците, меѓу другото, ги прашува зошто мислат дека има толку масовни пукање во САД и кои позитивни активности ви можело да бидат преземени за да се намали нивната бројка.
Кин за локалниот веб портал рекол и дека со задачата сакал на учениците да им покаже што во светот навистина е важно. „Според мене, ни сторив ништо лошо“, додава.
Пред речиси седум години, на 12-ти јуни 2016 година се случи едно од најлошите вооружени напади во САД, кога 29-годишен напаѓач во Орландо уби 49 посетители на ноќен геј-клуб.
Но масовните напади со огнено оружје во американските образовни институции не престануваат. Еден од последните со смртни случаи беше нападот во основно училиште во Нешвил, во сојузната држава Тенеси, кон крајот на март. Тогаш трансродова напаѓачка уби шест лица, од кои три деца.
Од огнено оружје годишно во САД гинат над 30.000 лица, а училишната младина се нарекува „генерација на масовното пукање“ или „генерација Колумбина“, според името на средното училиште во сојузната држава Колорадо каде што двајца ученици во 1999 година усмртија 12 колеги и професори и беше еден од првите вакви масакри во американските училишта кои следеа.