Професори по право се фатија за гуша во битката за привилегирани државни фотељи

Очигледно, кога станува збор за уживањето во привилигираните државни позиции, проследени со високи хонорари, се поништува достоинството што го носи академската титула. Ова го покажува дуелот преполн со лични навреди и клеветења меѓу професорите од правниот факултет Владо Камбовски и Љубомир Фрчкоски, во кој залогот се чини е местото претседател на стратешката комисијата на Влада која треба да ги спроведе реформите на Прибе.

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, со седмици наназад преку гласилата на својот медиумски фабрикат Бранко Героски, изразува незадоволство и несогласувања од кадровските решенија на неговите социјал-демократи, за чиешто повторно инсталирање на власт километри изоде пеш по скопските улици. Но, очигледно, во својата неостварена изногудовска амбиција да биде „калиф наместо калифот“ не може да се помири со ситуацијата во којашто му е откажувана „честа“ тој да биде прашан како да се води државата.

Во нему својствениот манир на писмено обраќање на јавноста, што е засебна тема за анализа од стручни лица од областа на псохологијата, поранешниот прв полицаец, а потоа и шеф на дипломатијата, со крајно недоличен речник за образованието, а во прв ред за позицијата којашто ја зазема во едукативниот систем, во обидот да им даде излитена шатровачка хумористична доза на своите писанија, се обрушува на своите „жртви“. Последна во низата е негов колега од истиот факултет Владо Камбовски во текстот насловен „СДСМ-овска Филимена“.

frcko-640x497

Во посочениот текст Фрчкоски, всушност ја открива вистинската причина за овојпат излеаното од неговот перо енормно количество злоба и навреди и тврдења дека Камбовски бил близок со минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ, а сега им се потурувал на СДМС. Причината лежи во изборот на Владо Камбоски за Претседател на стратешката комисијата на Влада која треба да ги спроведе реформите на Прибе.

„Бескраен и епски е низот од падови прогласени за успеси, од бесчестие скриено зад позиции и звања. Кога разбира дека не може директно преку една брза изјава да се пикне на новата власт, прави стратегија „Прибе“! Го кани Прибе на визитка во Охрид платена од некакво здружение каде му се упикува длабоко во абдомен и се претставува сега кон новите министри од ДУИ па и другите како ’двоец со Прибе’ како ’јас и Прибе една монета со два лика’, ’јас и Прибе – то су срца два!’ Спонтано им се увлече, како спонтан абортус искрвари на белите бутове (што би рекол Кљусев) на трепкачките моми реформски СДСМ-овски! Се уште пристојниот свет не може да разбере како оваа скапана финта пројде кај нашиве инклузивци??? Ја голтнаа нивнава нова ’Филимена’, напиша Фрчкоски.

„Ликот, да се вратиме на темата драги мои, има зла карма и неа во правото ја користи за хранење на својата енормна алчност. Кафкијанска сподоба чиј израз и задоволство во правото е репресија и казна во служба на власта. Тој е секогаш во улога на егзекутор на власта за да кога околностите ќе се сменат – ја егзекутира правната норма со која претходно ликвидирал. Во правно-техничка смисла ја има усвоено онаа крилатица за доцно социјалистичките правници-експерти дека тие се како бербери: шишаат различни фризури по нарачка (тарзанка, шими, Дејвид Боуви и сл). Нема идеологија, нема вредности. Се е употребливо за новата фризура на монархот“, пишува Фрчкоски.

Во описот на карактерот на Камбовски ќе напише дека неговиот колега се раководи според максимата „Мора да има и утре работа за нас. Храни се со коските на сопствените „реформи“ – важно е нашето преживување како ендемски-експертски вид!…. Таа провинциска кариера на сатрап во еснафот – почна со егзекуцијата која ја водеше овој лик – Претседател на Стратешка (во понатамошниот текст: ликот ПС) – против својот колега од факултетот Ѓорги Марјановиќ. околу т.н. вербален деликт. Кога го понижи и казни колегата, беше првиот кој предлагаше укинување на овој член од КЗ кога се сменија околностите“.

Фрчкоски вели дека претендентот на позицијата којашто претпоставува и интересни стручни хонорари, има една права во својата кариера „се нацица од крвта, пари и лигавање со режимот на ДПМНЕ единаесет години, за кога почна да се надѕира падот на режимот, Ликот ПС да крикне: доста е со неодговорната власт и владеење?“.

И на крајот овој дел од својот серијал го завршува со прашањето до непослушниот Заев: „Кога ќе заврши овој рок-ен-рол со реформите, кога ќе ја видиме формата на фризурата која ја ишишале филимениве драги мои, ме фаќа јанѕа каква ќе биде новата стратешка реформска фризура на Зоки?“.

Камбовски, поранешен висок функционер на партијата во чиј подмладок во едноумието беше и Фрчкоски, не остана должен и веднаш му одговори на „Апсолутот на неморалното, користољубиво и криминогено битие“ во текстот насловен „Кога ќе се здружат лагата и злобата – целта е промашена“.

akademik-vlado-kambovski-670x308Одговрајќи на главната „болка“ во текстот на својот помлад колега, Камбовски додава дека тој вопшто не бил запознаен дека ќе биде претседател на некоја комисија во Владата, но додава дека доколку тоа од него биде побарано би го профатил. Истовремено го поставува прашањето како Фрчкоски пред сите дознава за одлуките на Владата на Заев, како и дали е „тој е нејзин ментор или супервизор“, што споменатиот со радост би сакал така да биде.

Камбовски го нарекува Фрчкоски „криминогена амеба која се формирала низ службување“ на сите претходни влади

„Опскурна личност, потрошена таксена марка, полн со бескрајна дрскост, екстремен егоизам и вродена омраза, со која целиот период на транзиција Фрчкоски го контаминирал медиумскиот простор со тежок радиоактивен отпад”, стои во описот што го прави Камбовски.

Според Камбовски доволно е да бидат споменати бројните кривични пријави за злоупотреби, но и кривични тужби како и „стекната способност на политичка  јагула за знаменитиот јунак на македонската транзиција“.

Навредливите ставови на оваа опскурна личност не може да засегнат, напротив, земајќи ги како контрапункт на исправното – само ве зацврстуваат во уверувањето дека сте на вистинскот пат. Особено ни мене, ни кој било друг од научната фела може да го тревожат неговите оценки за тоа дали сум научник или не, колкаво и какво е моето знаење итн. Кога тие доаѓаат од човек кој е, за жал, редовен професор на правни студии, а не е и не може во Одборот за акредитација и евалуација да биде акредитиран за ментор на докторски студии, зашто нема никаква релевантна научна продукција, работата е сосема јасна. За науката има вредност на ’поништена таксена марка’ човекот кој смета (арно велеше Цепенков: ’има многу филозофи што станале гоедари, и многу гоедари што станале филозофи’) дека врвното знаење е содржано во неговите (добро платени) колумни, пишувани според политичката потреба на денот и моменталната финансиска потреба на авторот, заклучува Камбовски.