Професорите под притисок – Настава со еден ученик не било бојкот?!

Професорите од средните училишта се мета на голем притисок додека директорите вработени од оваа Влада мора да ги бранат политиките на Зоран Заев и Мила Царовска.

Против ваквите политики, средношколците го кренаа гласот и направија бојкот на наставата. Децата трпеа притисок да се вратат на настава, а имаше обид за нивно замолчување.

Професори кои предаваат во средни училишта, велат дека се под постојан притисок, не смеат да евидентираат часови во дневникот, но принудени биле да евидентираат неоправдани изостаници за учениците во електронскиот дневник.

Во најголем дел од училиштата, професорите не смеат да пријават бојкот на класот ако, на пример, само еден ученик е вклучен на онлајн наставата. И во тој случај  училиштето пријавува дека тој клас всушност не бојкотирал настава, иако присутен е само еден ученик.

-Како изговор за ваквиот притисок кој ни го прават, директорката наведува дека нашите матуранти не испратиле официјален меил до неа, дека учениците ќе ја бојкотираат наставата, и покрај тоа што децата и нивните родители ги известиле за тоа класните раководители на родителски состаноци, вели професор од едно скопско средно училиште.

Исто така, професорите се задолжни да се вклучуваат на часови додека трае бојкотот, а потоа треба да се  одработуваа изгубената настава во саботи.
Во најголем дел од училиштата, професорите не смеат да пријават бојкот на класот ако, на пример, само еден ученик е вклучен на онлајн наставата. И во тој случај  училиштето пријавува дека тој клас всушност не бојкотирал настава, а присутен е само еден ученик.