Професорка по англиски лажирала диплома за да се вработи

Професорка во основното училиште „Антон Зако Чајупи“ општина Липково, 28-годишната Џ.Б., е осомничена дека во текот на 2011 година изготвила фалсификувано уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет-Студентска програма англиски јазик и литература при Државниот факултет во Тетово.

Според МВР, фалсификуваната диплома ја приложила за да биде вработена во основното училиште, а кога била извршена проверка во евиденциите на факултетот, било констатирано дека уверението не постои таму.