Професорката Рабије Мурати и режисерот Антонио Митриќески – добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2023

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” донесе одлука годинешната награда „Св. Климент Охридски” да им припадне на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор која наградата ја добива во областа на воспитанието и образованието и на режисерот Антонио Митриќески кој е лауреат во областа на културата и уметноста.

Државната награда „Св.Климент Охридски” е највисоко признание кое се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Македонија

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2023 година во свечената сала на Собранието на Македонија.