
Професорката Билјана Ванковска важи за силен поддржувач на опозицијата, а постапките на „Шарената револуција“ наидоа на потсмев од нејзина страна. Имено, иако претходно „шарените“ помпезно одбројуваа до 18-ти јуни, наеднаш, го сменија датумот во кој, како што велат, „ќе ја зеле слободата во свои раце“.
Како беше она за прав маж кој не се држел до зборот? 🙂 Така, и Шарената револуција го сменила датумот за земање на слободата и демократијата во свои раце – од 18-ти на 20-ти и тоа дури во 19 часот. Macedonia Timeless! Се трудам со цело срце, ама не можам да ги земам сериозно, напиша таа.
Инаку хулиганите кои деновиве дивеат низ Скопје, нарекувајќи се себе си „Шарена револуција“ најавија протест за во понеделник на 20-ти јуни, кој ќе започне во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство, по истекувањето на ултиматумот што беше даден до 18-ти месецов.