Националност во матичните книги на родените – се поделија партиите и експертите, а Бугарските здруженија во земјава гледаат како да извадат ќар од контроверзното решение на Министерството за правда..
Според експертите без преседан и противуставен е подзаконскиот акт на Министерството која е задолжителна, коментираат дел од правните експерти.
Универзитетскиот професор Борче Давиткоски за ТВ 24 вели дека припадноста е автономно и субјективно право на поединецот и никаде во светот не може да биде облигаторно.
„Тоа е тотално спротивно на Законот за организација и начин на работа на органи на управата каде се забележува дека министерот носи општи и конкретни акти. Упатството е акт со кој што се врши операционализација на законска одредба. Со законската одредба воопшто не е предвидено национална припадност да биде ставена во графа во законот за матични книги така што ова кој било да го даде на Уставен суд тоа упатство ќе биде прогласено за противуставно. Ваква злоупотреба на дискрециони права досега мислам не е видена во нашата држава“, вели Борче Давитковски – Универзитетски професор.
„Тоа е спротивно на нашите правила, а никаде ниту во Европа ниту во светот националната припадност е автономно субјективно право на поединецот, јас можам да кажам дека сум Марсовец или Еским, но тоа да биде облигаторно и да се внесе во матична книга на родени тоа е нон-сенс и без преседан, никаде во светот го нема и ќе ни се смеат како што ни се смеат“.
Од владата велат дека за оценување на уставноста е надлежен Уставниот суд, а внесувањето на националноста се заснова на Законот за матична евиденција.
„Графата за националност во изводите на матичните книги на родените е задолжителна и во таа насока сакаме да истакнеме дека внесувањето на националност во изводите се заснова токму со Законот за матична евиденција“, велат од Владата.