Прогласена победата на Бајден на претседателските избори во САД

Водечките американски медиуми, како агенцијата Associated Press и телевизиските мрежи NBC, Fox News и CNN го прогласија во саботата попладнето по средноевропско време демократскиот кандидат Џо Бајден за победник на претседателските избори, откао му ја доделија победата во клучната сојузна држава Пенсилванија

Со освојувањето на Пенсилванија, која носи 20 електроски гласови, Бајден ги надминува неопходните 270 електорски гласови за победа на американски председателски избори

Како што наведуваат медиумите, „избраниот“ 46-ти американски претседател во моментов има тесни водства и во сојузните држави Невада, Аризона и Џорџија, па неговата победа може да биде и поубедлива од моменталните 273 наспроти 213 гласови за актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.

Според телевизијата Fox News, која инаку е наклонета на републиканците но последните денови како да му заврте грб особено на Трамп, Бајден извојувал победа и во Невада, која носи 6 електорски гласови. CNN Бајден го нарече „избран претседател на САД“, според Associated Press демократот го „победи Доналд Трамп“.