Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мали сипаници на подрачјето на Град Скопје, бидејќи се регистрирани 12 нови заболени лица, сите од главниот град.
И покрај тоа што за само шест од новите случаи клиничката слика е потврдена, а за останатите се уште се вршат анализи надлежните власти донесоа привремена мерка, односно забрана невакцираните дечиња да се носат в градинка.
Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките, истакна министерот за здравство Филипче.
Министерот Филипче додаде дека сите новозаразени лица не ја примиле МРП вакцината. Од новите случаи, четворица пациенти се од Бутел, тројца од Аеродром, по еден од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар. Меѓу заразените има 8-месечно бебе, како и возрасен маж на 31-годишна возраст.
Од 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст со повиците за вакцинирање, само 310 се вакцинираа што е исклучително мала бројка, заклучи Филипче.
Тој воедно истакна дека станува збор за сериозна и смртоносна зараза, која предизвикува менингитис и воспаление на белите дробови.