Прогласена катастрофа во Вуковарско-сремската жупанија

На предлог на директорот на Државната управа за заштита и спасување, Владата на Хрватска прогласи катастрофа на подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија која е погодена со поплава.

Државната управа за заштита и спасување раководи со оперативните сили и координирање на дејствувањето на другите учесници во активностите за заштита и спасување и спроведува нивно навремено информирање.

Контролира исто така и спроведување на прописани мерки и активности во заштита и спасување и спроведува мобилизација за потреба од систем на заштита и спасување, пренесува агенцијата ХИНА.