Програмерите, инженерите, градежните работници, фармацевтите најбрзо наоѓаат работа на берзата на труд како најбарани профили на работници во моментов, анализира Лидер. Сѐ побарани се и стручните работници, работниците во производството, шивачите… а професијата продавач веќе подолго време е меѓу врвот на листата најбарани професии на берзата на труд во земјава.
Околу 5.000 работни места константно се отворени на пазарот на труд во Македонија. Компаниите кои вработуваат бараат кадри од секаков вид, стручни работници, но и високо образовани професионалци.
Техничко- технолошкиот напредок, економскиот раст и развој на компаниите, како и се поголемото присуство на странските компании во Македонија ја менуваат структурата на барањата за посебни знаења и вештини кои ги претпочитаат работодавачите на берзата на труд во моментов.