Програмерите во март најплатени, во просек зеле плата од 70.551 денар

Податоците на Државниот завод за статистика за исплатените просечни нето плати во март покажуваат дека и натаму на врвот се платите на програмерите на кои во просек им се исплатени 70.551 денари. На дното, пак, се палатите на работниците во кожарската индустрија каде што просекот е 16.016 денари. Под 20.000 плата зеле и текстилците кои произведуваат облека на кои им е исплатена просечна плата од 17.762 денари, а најзасегантите дејности од пандемијата: туризмот и угостителството во март исплатиле просечна плата од 17.280  до 17.921 денари.

Статистика пресмета деа во март просечната нето-плата по вработен пораснала за 6,8 отсто  и изнесува 28.217 денари.

Според ДЗС ваквото зголемување на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „ уметност, забава и рекреација“ за 17,9 отсто, „дејности на здравствена и социјална заштит“а за 12,3 отсто и „информации и комуникации“ за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 14,9 отсто, „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 5,3 отсто и „градежништво“ за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во  март 2021 година изнесува 42.097 денари.