Програмите што ги нудиме се најдобрите понудени на овие избори

Од партијата којашто во моментов има најголем број градоначалнички и советнички места, велат дека граѓаните ќе ја видат и воочат разликата меѓу фер и издржана понуда и лаги и манипулации, како и дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се одговорни, вредни и докажани како врвни професионалци во своите професии.

„Актуелните градоначалници кои се кандидирани повторно зад себе имаат реализирано многу проекти во полза на сите граѓани. Кандидатите што се промовираат првпат се успешни и угледни граѓани почитувани во своите места. Програмите што се нудат се најдобрите кои се понудени на овие избори, со издржани и конкретни проекти. Локалниот економски развој е приоритет во програмите на сите кандидати. Индустриските зони го вратија животот во општините. Формирањето на нови индустриски зони ќе обезбедат повеќе вработување и повеќе приходи за населението“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата и коалицијата што ја предводи за секоја општина има конкретна програма за развој и ветува дека на секое место кое ќе прерасне во убаво и достојно место на живеење.

„ВМРО-ДПМНЕ како и досега ќе инвестира во градба на водоводи и канализациони системи, улици, училишта и градинки. Поудобниот живот на граѓаните и решавањето на проблемите во секојдневието е задача на секој градоначалник. Зачувувањето на животната средина, градењето на нови паркови, создавање на зелени појаси, игралишта и сали за младите се дел од приоритетите на новите градоначалници која ќе донесе подобар живот. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во своите програми не ветуваат нереални проекти. За разлика од кандидатите на СДС кои како и на централно ниво ветуваат сѐ и сешто, но од работењето на Владата во овие 100 дена видовме дека ништо од ветеноте не можат и не сакаат да исполнат“, се вели во соопштението од партијата.

Порачуваат дека на изборите на 15-ти октомври граѓаните ќе ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат проверени личности со интегритет и углед, а ќе ги казнат политиките на СДС кои се покажаа како погубни за Македонија.