ФОТО: Произведен првиот воз за Македонски железници

Произведен првиот воз за Македонски железници

Македонска делегација, предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски престојува во посета на НР Кина, каде денеска во компанијата ЦСР корпорејшн лтд, во градот Џуџо ќе присуствува на презентација на првиот воз произведен за потребите на Македонски железници Транспорт ад Скопје.

Со ЦСР Министерството за транспорт и врски склучи договор за набавка на шест патнички гарнитури за МЖ Транспорт.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Мисајловски, кој е придружуван од директорот на МЖ Транспорт Никола Костов на средба со менаџментот на ЦСР ќе разговараат за реализацијата на договорот со кој Македонија набавува нови четири дизел моторни и две електро моторни гарнитури.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

– Денеска е значаен ден за Република Македонија. За прв пат од независноста на државата успеваме да набавиме нови патнички возови. Најавите од пред неколку години, денеска станаа реалност. Првиот од вкупно шестте патнички возови што ги набавуваме е веќе произведен. Компанија ЦСР се погрижи да ги запази роковите и за тоа сум им многу благодарен. Другите пет возови треба да се произведат во договорените рокови и очекувам дека во Македонија ќе се испорачаат согласно договорот, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Според најавите, испораката на првиот воз ќе биде летово, а на останатите гарнитури етапно, така што секој месец ќе пристигнува по една.

Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Треба да бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, да ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност, да ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и услови за превоз на лица со ограничено движење.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Набавката на возовите се врши со 25 милиони евра, дел од кредитот од Европската банка за обнова и развој наменет за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт. Со 15 милиони евра од кредитот се финансираше и купувањето 150 товарни вагони за МЖ – Транспорт, а со 10 милиони евра обновата на постоечките локомотиви и гарнитури.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

„ЦСР“ е еден од најголемите светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во НР Кина.